Потврдено дека Лех Валенса бил соработник на полската тајна служба

Обемните повеќемесечни истражувања направени во полскиот Институт за народна меморија, покажале дека омилениот антикомунистички водач Лех Валенса бил соработник на тајната служба во седумдесетите години од минатиот век. Како млад работник тој соработувал како таен агент под псевдонимот ,,Болек,,-соопшти денеска на прес конференција претседателот на Институтот, Јарослав Шарек.

Неговиот потпис на признаниците што ги добивал од тајната полиција за примени пари, се вистинити -рече  Шарек. Тој додаде дека немаат намера да ја намалат историската заслуга на поранешниот полски претседател Валенса, но дека фактите покажуваат дека тој бил агент на комунистичката тајна полиоција. Тоа е дефинитивно заклучено- објави Јарослав Шарек.

Лех Валенса стекна светска слава кон крајот на деведесетите години од минатиот век, кога почна падот на комунизмот, како водач на легендарниот синдикат Солидарност и како ,,осведочен,, антикомунист.
Досието на Валенса е откриено во 2016, во февруари, по претресот на домот на поранешниот министер за внатрешни работи, по неговата смрт.
 Отогаш полската јавност со внимание го следи развојот на скандалот, бидејќи Лех Валенса беше со децении синоним за неприкосновен борец и еден од најзаслужните за падот на комунизмот во Полска. Сега, се поставува прашање, како тој ги носел одлуките кога бил претседател и колку неговото, всушност, ни малку славно минато влијаело врз нив, се прашуваат медиумите.

 

 

Валенса, пристанишен работник, водач на Солидарност и претседател на Полска во минатото, а сега и агент на тајната комунистичка служба, го нарече актуелниот претседател Јарослав Качински -џуџе-кога објави дека е откриено досие кое потврдува дека Лех Валенса е соработник на полицијата во ерата на комунизмот.

АКО.мк,агенции