Потврдено: 30 милиони денари за РК Вардар, 300 000 денари за Алили

Македонскиот и европски ракометен првак, Вардар за успехот во Лигата на шампионите за оваа сезона ќе доби 30 милиони денари. Ова го потврдија на денешната седница на Владата на Северна Македонија.

Финансиската помош за вардарци беше најавена од премиерот Зоран Заев по пристигнувањето на „црвено-црните“ во Скопје по учеството на Ф4 во Келн.

Покрај ова на денешната владина седница беше потврдено дека младиот Бесир Алили и неговиот тренер за освојувањето на златниот медал на Европското кадетско првенство во борење во Италија ќе добие 300 000 денари.

Потсетуваме, Алили вчера доби најава од директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Дарко Каевски дека ќе биде награден со 1 милион денари а финансиски бонус ќе добие и од Град Скопје.