Пациентка е позитивна на вирус КОВИД 19, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Таа е згрижена во одделот специјализиран за оваа намена.

Пациентката две недели е болна и се третирала во италијанска здравствена установа, но не е тестирана на корона вирус во оваа земја. Таа самата се пријавила во текот на изминатата ноќ, по враќањето од Италија во Македонија.

Се прави проверка на сите патници што биле во комбето со неа. Сите ќе бидат тестирани и ставени во 14 дневна изолација, рече министерот.

Пациентката е родена 1970 година.

Сите патници што доаѓаат од Италија подлежат на ригорозни мерки на проверка на аеродромите и граничните премини.