Потписот на Фатиме Сулејмани на избирачкиот список е фалсификат

Графолошкото вештачење покажа дека потписот во избирачкиот список на Фатиме Фетаи од Гостивар е лажен. Членот на ДИК од СДСМ побара да се поништи гласањето на тоа избирачко место, а повика согласно законот Јавното обвинителство да поведе постапка.

Пред членовите на Државна изборна комисија вчера сведочеше Фатиме Сулејмани која беше посочена од Беса како гласач на кој не му било дозволено да гласа, бидејќи во нејзино име веќе некој гласал. Таа потврди дека кога дошла на своето гласачко место 0396/11 во Гостивар и било кажано дека веќе гласала.

Во меѓувреме пред ДИК се одржуваат гласни и бучни протести на поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ кои вршат притисок врз членовите на ДИК.