Владина делегација предводена од премиерот заев, во Лондон,  потпиша договор за користење на 86 милиони евра, како втора транша од заемот од вкупно 181 милиони евра од ЕБОР за подобрување на македонската патна инфраструктура, што го потпишаа министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.

На средбата на која присуствуваше и тимот директори на ЕБОР за Република Македонија и за регионот, се разгледаа и другите можности за продолжување и продлабочување на соработката со банката за финансиска поддршка на инфраструктурното поврзување на земјата и регионот преку конкретни проекти.