Доктор Викторија Бејтмен утрината ги шокираше британските гледачи појавувајќи се сосема гола во утринската програма ,,Британијо, добро утро“. Имено, таа со своето голо тело сакаше симболично да ја претстави ,,голата вистина“ за Брегзит.
Сепак, телевизијата го замагли нејзиното тело, па не се гледаше пораката испишана на нејзините гради на кои пишуваше ,,Брегзит ја остава Британија гола“. Водителите се трудеа да изгледаат прибрано и да не гледаат таму каде што не треба.