Поттикнувањето омраза наоѓа почва во Македонија

На социјална мрежа за споделување фотографии IMGUR, осамнаа фотографии на амбасадорите во РМ со црн превез и свеќи, како и години кои треба да асоцираат кога дошле во Македонија и кога треба да заврши нивниот мандат, според креаторот на овие некролошки фотографии.

Меѓутоа, врамените фотографии со црн превез асоцираат на слики на починати луѓе, што е морбидно и застрашувачки.

Говорот на омраза и линч што се пропагира деновиве од високи функционери на ВМРО ДПМНЕ наидува на плодна почва, посебно на социјалните мрежи и меѓу обичните луѓе.

Од една страна, раководството на партијата прекинува секакви односи со странските дипломати во нашата земја, од друга на проестите пред ДИК протестирачите носат транспаренти со поддршка за новоизбраниот претседате на САД Доналд Трамп.

Груевски го отфрли повикот на ЕУ и на САД кои преку своите амбасадори се обидоа да влијаат да се смират страстите. На средбите со нив тој рекол дека не може да се контролира гневот на народот.