Почина американскиот астронаут Алан Бин кој одеше по Месечината

Американскиот астроанаут, Алан Бин, почина во 87 година од животот. Тој беше четвртиот човек кој стапнал на Месечината, кадешто помина кусо време одејќи по неа, за што постои и фотографија.

Бин беше пилот на вселенскиот брод ,,Аполо12“, кој се спушти на месечината во 1969 година.

Роден е во 1932 година, а по потекло е Шкот.

Во вселената има поминато 1.671 час, од кои 10 часа и 26 минути на Месечината и во земјината орбита.

Во 1981 година дал отказ во НАСА и се посветил на сликарството. Цртал мотиви доживеани во Вселената и на Месечината.