Почина бардот на радиското новинарство и водителство Градимир Јовановиќ

Вчера во Скопје во 81 година од животот, почина Градимир Јовановиќ – Киби, бардот на македонското радио новинарство и водителство.

Градимир Јовановиќ беше еден од основачите на весникот Слободен печат.

Јовановиќ беше единствен во историјата на македонското радио кој во рамки на радискиот фестивал на Југословенскиот радио весник во конкуренција на сите радио станици на СФРЈ, како и 1-ва награда во конкуренција за најдобар политички коментар.

Носител е на повеќе професионални награди за новинарство, помеѓу кои и наградата за новинарство „Крсте Мисирков“. Одликуван е со Орден за труд со златен венец  од Јосип Броз Тито во името на СФРЈ.

Ќе остане запаметен по своето критичко перо, бескомпромисност и карактеристичен глас.

Погребот е извршен денес, во најтесниот круг на семејството, соопшти неговото семејство.