Почина братот на Зинедин Зидан

Фарид Зидан, братот на Зинедин Зидан почина. Тренерот на Рал Мадрид, Зинедин Зидан ги помина последните часови во друштво на неговиот брат откако гу напушти кампот на „кралевите“ во Монтреал.

Играчите на Реал Мадрид и тренерите на овој клуб со едноминутно молчење на попладневниот тренинг оддале почит на братот на Зидан.

https://twitter.com/realmadriden/status/1150060036787494912

Останува непознато кога Зинедин Зидан ќе се врати во Мадрид а до тогаш подготовките на „кралевите“ ќе ги води Давид Бетони со помош на останатите членови на струшниот штаб.