Почина британската новинарка што ја објави веста за Втора светска војна

Клер Холингворт, која  прва ја објави веста дека започнача Втората светска војна, починала на 105 годишна возраст во Хонгконг Други светски рат.

Дописничката на  Дејли телеграф Клер Холингворт, била испратена во Полска  да известува за тензиите во Централна Европа.

Додека се возела долж германско-полската граница, таа наишла на голем број германски војници и оклопни возила како одат кон Полска.

Се јавила во британската амбасада во Варшава, од каде потоа им ја пренеле на Форин Офис веста за германската инвазија со што  и почнала Втората светска војна.

За овој нејзин потфат таа беше прогласена за новинарка која ја објавила веста на столетието.

Последните 4 децении Клер Холингворт живееше во Хонгконг, а била една од неколкумината западни новинари кои известувале од Кина во седумдесетите години од минатиот век.

 

Добила повеќе новинарски награди, како и Орден на британската  империја лично од кралицата  Елизабета Втора.