Почина Владо Ѓорчев-новинар на агенција ,,Мета”

Во раните утрински часови, ненадејно почина Владо Ѓорчев, новинар и уредник во новинската агенција „Мета“.

Тој беше дел од редакцијата на „Мета“ од нејзините почетоци, а во исто време беше активен соработник на „Сервис за проверка на факти во медиумите“ и на „Вистиномер“.

Ѓорчев како новинар и уредник и работеше во повеќе медиуми, меѓу кои и „Вечер“, „Време“, „Шпиц“, „Плус инфо“ и „Либертас“.

Неодамна ја доби втората награда на конкурсот за најдобра новинарска истражувачка приказна на тема корупција, кој се спроведе како дел од Програмата на УСАИД за антикорупција.

Новинска агенција „Мета“, но и медиумската сцена во Македонија остана без одличен уредник, новинар, неуморен пишувач и пријател-пишуваат колегите на Ѓорчев.