Почина глумецот Лук Пери

Некогашната тинејџерска ѕвезда од серијата ,,Беверли Хилс“, глумецот Лук Пери, почина во 52 година од животот.

Пери пред неколку дена доживеа мозочен удар и отогаш беше во кома и под јаки седативи.

Тој починал во болница во кругот на семејството.

Лук Пери ја играше улогата на Дилан во планетарно познатата Беверли Хилс, во деведесетите години на минатиот век.

Екипата на Беверли Хилс 90210