Во 77 година од животот почина глумецот Мустафа Надаревиќ.
Надаревиќ беше познат ширум просторите на поранешна Југославија.
Овој босанско-херцеговски глумец пленеше со својата глума, а најпознат е по улогата во серијата ,,Луд, збуњен, нормален“, чии духовити реплики сѐ уште се прераскажуваат.
Има одиграно преку 150 театарски улоги.
Почина од карцином на белите дробови.