Почина директорот на водечката болница во Вухан за борба против корона-вирусот

Директорот на болницата во која од почеток на епидемијата се лекуваат најмногу заболени од корона-вирус, почина од ова заболување, јавуваат светските медиуми.

Лију Жиминг, почина од корона-вирус и тој е вториот истакнат лекар кој почина од овој заразен вирус, објави Ројтерс.

На почетокот на овој месец почина омилениот кинески лекар Ли Венлијанг, кој прв издаде соопштение со предупредување за појава на смртоносниот вирус.

Досега во Кина починаа 1870 луѓе од корона-вирус и само пет во други делови од светот.

Заразени се над 73.000 лица.