Почина Душан Туџаров, долгогодишен директор на ,,Реплек“

Генералниот директор и претстедател на Управен одбор на Реплек, Душан Туџаров почина вчера во Струмица.

Душко Туџаров

Погребот ќе биде извршен в четврток, а посмртните останки ќе бидат изложени во Капелата на Градските гробишта Бутел од 11 до 12 часот.

Туџаров основното и средното образование го завршил во Струмица, а студирал на Фармацетскиот факултет при Универзитет во Белград и се здобил со звање магистер по фармација.

Извршувал повеќе функции меѓу кои комерцијален директор во Алкалоид Скопје, советник на генерален директор на „Крка“, а од 1978 до 2019 година беше генерален директор и претседател на Управниот одбор на Реплек.(МИА)