Почина италијанската фудбалска легенда Паоло Роси

Во 64 година од животот, по долга и тешка болест, почина легендата на италијанскиот фудбал, Паоло Роси, пренесе РАИспорт.

Врвот на својата кариера, Роси го постигна во 1982 година на светското првенство во Шпанија, кога со 6 гола за својата репрезентација беше прогласен за најдобар стрелец на мундијалот.

Таа година беше прогласен за најдобар европски и светски фудбалер, а ФИФА го вброја во 125 фудбалери најдобри на сите времиња.

Паоло Роси играше во дресовите на Јувентус, Милан, Верона и Перуџа.