Почина легендарниот диригент Невил Маринер

На 92 годишна возраст почина Sir Neville Marriner. Легендарниот диригент роден на 15 април 1924 година во Лондон, починал изминатата ноќ во сон.

Невил Маринер студирал виолина на Кралскиот колеџ за музика во Лондон и на конзерваториумот во Париз. По завршување на студиите, својата кариера ја започнал како виолинист во лондонскиот синфониски оркестар, во кој провел 30 години. Одлуката да се посвети на диригентството ја донел заради многу ниското ниво на квалитет на ансамблот во кој почнал да работи.

Подоцна, во 1959 година со група ентузијасти го формирале камерниот оркестар Академија Свети Мартин, кој станал симбол за квалитетна сериозна музика во Велика Британија.

За посебен придонес за музичката култура во В. Британија, Маринер е одликуван со Орден на британската империја.