Почина легендарниот рок музичар Чак Бери

На 90 годишна возраст почина легендарниот рок музичар Чак Бери.

Легендарниот  Бери е роден на 18 октомври 1926 година во Сент Луис, Мисури,САД. Минатата година го прослави својот 90. роденден со најава за нов албум, прв после 40 години.

Албумот со едноставен наслов „Чак“, требаше   годинава да се најде во продажба.

Бери, кој се смета за еден од татковците на рокенролот и еден од најдобрите гитаристи, е препознатлив по посебниот сценски настап и стилот на свирење гитара.

Неговиот хит „Johnny B.Goode“ од 1958 година до денес остана еден од најпрепознатливите хитови во светот на рок музиката , но и на популарните песни воопшто.

 

„Чак“ ќе биде прв негов албум после 38 години посветен на сопругата Темети Бери, со која живее 68 години.

„Драга, остарев. Долго време работев на тој албум, сега можам да престанам“, напиша тој неодамна.