Почина ,,летечкиот Финец“ Мати Никенен

На 55 годишна возраст, почина легендарниот ски-скокач и еден од најуспешните во овој спорт на сите времиња, Финецот Мати Никенен.

Никенен по скијачката кариера, настапуваше со својот музички бенд по пабови и ресторани. Така било и изминатиот викенд. Неговите пријатели раскажуваат дека бил многу расположен, но изминатата ноќ тој бил пронајден мртов.

Сѐ уште не се знаат причините за неговата смрт.

Никенен е роден 1963 година, а епитетот ,,летечкиот Финец“ го заработи со бројните златни медали, претежно освоени во периодот од 1980-90 година. Овие години беа златни за неговата кариера.