Почина најбогатиот Македонец во светот Мајкл Илич

Вчера на 87-годишна возраст почина Мајк Илиќ, еден од најбогатите Макдонци во светот и еден од најголемите поддржувачи и долгогодишен донатор на Обединета Македонска Дијаспора (ОМД).

Мајкл Илиќ живееше и работеше во Детроит.

Веста ја соопштија локалните медиуми од Детроит, каде тој важеше за исклучително почитуван и влијателен граѓанин.

Магазинот Форбс го прогласи за најбогат Македонец во светот, заради неговите македонски корени. Еве ја таа приказна што ја објавивме во средината на минатиот месец:

Магазинот Форбс ја објави листата на најбогати луѓе во светот, а меѓу нив и на Балканот. Орце Камчев е најбогатиот македонски бизнисмен со капитал од 238 милиони долари, а по него е Минчо Јорданов со 234 милиони долари.

Но, сепак, тие двајцата и другите по нив од македонската листа на богаташи, не му се ниту до коленици на најбогатиот Македонец по потекло во светот -Мајкл Илиќ. Илиќ ,,тежи” 6,1 милијарди долари!

Мајкл Илиќ е син на сиромашни македонски доселеници во Америка на почетокот на минатиот век- Сотир и Султана. Тој е сопственик на два спортски тима од Детроит.

Илиќ е роден во 1929 година, а како младо момче бил маринец во американската војска и бејзбол играч. Тој е сопствениок синџирот пицерии “Little Ceasars” , трет по големина во САД. Негови се  хокеарскиот тим- Детроит Ред Вингс  и бејзбол тимот – Детроит Тајгерс.

Мајкл Илиќ е роден во 1929 година во Детроит, непосредно по доаѓањето на неговите родители Султана и Сотир, кои од Македонија отишле во Америка да побараат за себе и своето семејство егзистенција.

Основно и средно училиште завршил во родниот Детроит, а потоа 4 години провел во редовите на американските маринци.

Кога се вратил дома играл бејзбол за Детроит Тајгерс. Откако морал да го напушти овој спорт заради повреда на коленото, со сопругата во 1959 година ја отвориле првата своја пицерија , која на инсистирање на Маријана била наречена ,,Малиот Цезар,, како што таа на шега го нарекувала него.

Отогаш, нивниот синџир пицерии се развива во трет најголем во САД по Пица Хат и Доминос, а главна рекламна кампања со која успеале била,,Пица, пица,, односно за една купена давале една бесплатна пица.

Tipična picerija iz lanca "Little Caesars" koji je u vlasništvu Majka Ilića, sina makedonskih imigranata. Foto: Wikimedia Commons/Mrmiscellanious

Маријана и Мајкл имаат 7 деца. Познати се по своите филантропски активности. Во последните години се обидуваат да го оживеат Детроит по банкротирањето во економската криза пред десетина години, заради што се многу ценети не само во државата Мичиген, туку и во цела Америка.

 

Илич, кој е дете на македонски иселеници, беше пример за исполнување на американскиот сон.

Списанието „Форбс“ во листата на најбогати лица во светот за 2016 година, оцени дека тој се наоѓа 86 место меѓу 400 најбогати Американци, како и дека од регистрираните 298 милијардери во светот, тој е на 101 место, како милијардер од САД. Неговото богатство беше оценето на шест милијарди долари.

Мајк Илич (односно Мајк Илиевски, по татково презиме), е роден во САД, а по потекло е од Македонија. Роден е 1929 година како прва генерација од децата родени во САД на Македонците Сотир, занаетчија и Султана, домаќинка.

Семејството Илич го има ланецот од пицерии „Малиот Цезар“ (Little Caesar’s Piza) кој е распространет во САД и во Канада, и кој се смета дека е на трето место после „Пица хат“ и „Доминос“.

Илич беше сопственик и на хокеарскиот тим „Ред рок вингс“, за кого веќе се гради спортска арена со приватно-јавно партнерство која вреди 450 милиони долари. Тој беше сопственик и на бејзбол тимот „Детроит тајгерс“. Неговата сопруга Мериен (Маријана) е исто така со македонско потекло, односно дете на македонски мигранти кои се доселиле во САД минатиот век. Таа е сопственик на казино „Мотор сити“.

Илич е роден во Детроит, каде завршил основно и средно училиште. Потоа станал маринец во американската армија. Откако излегол од војска се вратил дома, при што бејзбол тимот Детроит тајгерс му понудил да игра за 3.000 долари месечни примања.