Почина Ники Лауда

Најславниот возач на Формула 1 на сите времиња, Ники Лауда, почина во Виена во 70-та година од животот , еден месец по трансплатацијата на белите дробови.

Лауда беше носител на шампионската титула повеќе пати, а е сопственик на неколку авио компании.

Во 1976 година на Големата награда на Формула 1 во Германија доживеа тешка несреќа, болидот се запали, а тој беше тешко повреден.

Лузните на лицето од оваа несреќа ги носеше цел живот.

На патеката што значеше живот за него, се врати само 4 недели по оваа тешка несреќа возејќи во Монца.

4 пати беше светски првак.