Почина познатиот багерист од 5-то октомвриската револуција против Милошевиќ во Србија

Љубисав Ѓокиќ, познат во Србија како Џо багеристот, почина на 77 години.

Тој беше симбол на настаните од 5 октомври 2000 година, кога со масовни демонстрации по неколкугодишна борба против Слободан Милошевиќ, тој беше симнат од власт.

Ѓокиќ со својот багер дојде пред српското Собрание и тргна кон РТС, која во тоа време беше главната пропагандна алатка на Милошевиќ.

Многумина демонстранти тогаш се качија на неговиот багер и заедно го пробиваа кордонот полиција.

Отогаш тој е симбол на падот на Милошевиќ, но набргу по промената на власт тој остана без егзистенција.

Во 2009 година емигрираше во Германија.

Неодамна се врати и вчера бил на протестите во Белград, како и претходните денови.

Последните негови фотографии од вчерашните протести

Утрината починал, извести новости.рс.