Почина познатиот спортски работник Борислав Станковиќ

Легендарниот тренер, долгогодишен функционер на ФИБА и југословенски спортски работни, Бора Станковиќ, почина во 95 година во својот дом во Белград, пишува телеграф.рс

Легендраниот кошаркарски тренер и функционер, покрај тоа што беше генерален секретар на ФИБА, беше и член на МОК.

,,Ако за некого може да се каже човек-кошарка, тоа е сигурно Борислав Станковиќ. Тој беше на врвот на овој спорт кога кошараката доживуваше најголема експанзија во Европа“-пишуваат српските портали.

Неговата спортска кариера почнала во 1943 година и тоа со пинг-понг и тенис.

Потоа се ориентирал на кошарката, а е еден од основачите на КК Црвена Ѕвезда.

Учествувал на 28 Европски првенства, 14 светски и 14 Олимписки игри, како и на 12 конгреси на ФИБА.