Почина познатиот српски кларинетист Божидар Боки Милошевиќ

Познатиот српски и југословенски кларинетист, Божидар Боки Милошевиќ, почина во болница во 87 година од животот.

Тој беше еден од најпознатите музичари во поранешна Југославија, а потоа во Србија. Неразделен дел речиси од сите музички нумери направени со Народниот оркестар на РТС, каде долги години управуваше со него.

Милошевиќ беше дел и од Белградската филхармонија.