Почина поранешниот египетски Претседател Хосни Мубарак

на 91 година почина поранешниот египетски Претседтел, Хосни Мубарак.

Мубарак беше соборен од власт во крвава револуција во 2011 година , кога поднесе оставка по жестоките демонстрации во така наречената Арапска пролет.

Тој владееше со Египет од 1981 до 2011 година.

По оставката беше уапсен, а потоа и осуден на смрт, па помилуван.

Иако болен од рак на желудник, на судење доаѓаше во носилка.

Хосни Мубарак важеше за прозападен лидер, а потоа беше прогласен за диктатор.

Беше осуден на смрт за наводно издавање наредба за убивање на демонстрантите во 2011 година, кога загинаа 219 од нив.

Целосно беше ослободен од обвинение во 2017 година, а непосредно по тоа претрпе и тежок срцев удар.

Беше голем сојузник со поранешниот југословенски претседател, Јосип Броз Тито.