Почина поранешниот извршен директор на Т-Мобиле Жарко Луковски

Поранешниот извршен директор на Т-Мобиле и кум на Сашо Мијалков, Жарко Луковски почина денеска во Скопје на 57 годишна возраст.

Луковски беше Ивршен директор на Т-Мобиле од 2006 до 2010 година, а беше претседател на Одборот на директори и неизвршен член на ОД на Т-мобиле.

Тој беше и член на Надзорниот одбор на МЕПСО, претседател на Управниот одбор на Мобико, проект-менаџер во Ексико, генерален директор на Комтрејд – Скопје.

Дипломирал на универзитетот Свети Кирил и Методиј – Скопје, Електротехнички факултет, насока Информатичка технологија.

Жарко Луковски беше близок со политичкиот врв на ВМРО ДПМНЕ, а исто така беше и близок пријател со Сашо Мијалков. Нивното пријателство премина во кумство.

За Луковски се врзуваат низа контроверзни скандали и бизнис зделки, а беше предмет на прогон на СЈО.

Луковски се спомнуваше и во случајот ,,Рекет“, обелоденет од Орце Камчев, а прв даде исказ пред обвинителката Русковска во својство на сведок.