Почина поранешниот Партизанов ватерполист Радосав Андрејиќ

22 годишниот поранешен  ватерполист на белградски Партизан Радосав Андрејић, почина по тешката болест со која не успеа да се избори, соопшти неговиот спортски клуб.

Минатата година на овој млад и перспективен спортист му беше дијагностицирана тешка форма на леукемија, која за жал, напредуваше со голема брзина.

,,За жал, Радосав ја изгуби битката со оваа сурова болест“-соопшти неговиот клуб.

Андрејиќ исто така беше успешен судент на стоматолошкиот факултет во Белград.

Партизан организаираше неколку хуманитарни натпревари за собирање средства за лекување на Радосав, а таков натпревар со Галатасарај беше организиран неодамна.

Андрејиќ со својот клуб, пред да настапи болеста, имал освоено неколку државни трофеи,а настапувал и на меѓународни натпревари.