Почина режисерот Златко Славенски

Познатиот македонски режисер Златко Славенски почина денеска ненадејно во Скопје.

Славенски е роден во 1966 година во Скопје и е професор по театарска режија на Факултетот за драмски уметности.

Режисер е на претставите „Соларис“, „Папокот на светот“, „Супернова“, „Бесови“ и многу други.

Славенски во богатата кариeра ги има поставувано текстовите на Шекспир, Гете, Пинтер, Горан Стефановски, Сашко Насев, Венко Андоновски….