Британскиот глумец Гордон Кеј, познат како Рене од култната серија ,,Ало, ало” , почина во 75 година од животот. Агентот за односи со јавност на познатиот глумец за BBC потврдил дека Кеј починал во куќата во која живеел, рано утрината.

Рене или Гордон Кеј е роден на 7 април 1941 година во Хадерсфилд. Улога на неговиот живот беше гостилничарот Рене во мега популарната ,,Ало, ало”,  која негуваше типично британски хумор, а која премиерно се емитуваше во 1982 и 1992 година.