Почина рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин

Долгогодишниот руски амбасадор во Обединети Нации Виталиј Чуркин, почина во Њујорк на 64 годишна возраст, јавува Раша Тудеј.

Чуркин го замени на местото амбасадор во ОН актуелниот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров во 2006 година. Тој беше специјален претставник на Руската Федерација во преговорите за поранешна Југославија од 1992 до 1994 година.

Според руските медиуми, на амбасадорот му се слошило  во руската амбасада на Менхетн,  по што веднаш бил пренесен во болница. Лекарите направиле обид за реанимација, но безуспешно.

 

Се уште не се објавени причините за неговата смрт, како и времето и место на погребот.