Почина славниот италијански композитор Енио Мориконе

Славниот италијански композитор, чии филмски музички композиции им дадоа неизбришлив белег на филмовите ,,Беше еднаш во Америка“ или антологискиот ,,Добар, лош, грд“, почина во Рим на 91 година.

Како што објавија повеќе светски медиуми, Раша тудеј, Ројтерс и други, Мориконе пред неколку дена паднал и го скршил колкот, по што починал на клиника во Рим.

Енио Мориконе е роден во Рим во 1928 година.

Во својата долга и плодна композиторска кариера напишал музика за повеќе од 400 филмови. Секоја композиција оставила длабока трага во филмската индустрија и кај публиката.

Мориконе е автор на познатите музички нумери од филмовите:

,,Беше еднаш во Америка“, ,,Добар, лош и грд“ …

…,,Недопрливи“, ,,Малена“, ,,Џанго“ , ,,Беше еднаш на дивиот запад“, ,,За грст долари“ и други, а соработуваше со прославените режисери, Серџо Леоне и Бернардо Бертолучи, потоа со Квентин Тарантино и со други.

Мориконе со своите дела се запиша и во бројни композиции на светски познати оперски пејачи, рок изведувачи и групи.

Соработуваше со РАИ, со италијанската филхармонија и со многу други оркестри во светот.

Мориконе работеше речиси за сите жанрови на филмови – од хорор до комедија – а некои од неговите мелодии се можеби попознати од филмовите за кои ги напиша.

Мориконе е добитник на Оскар за животно дело.