Почина славниот композитор Ѓело Јусиќ

Ѓело Јусиќ, познат југословенски и хрватски композитор, гитарист, аранжер и диригент, почина во 80 година од животот во Загреб.

Тој почина по долга и тешка болест, известувааат регионалните медиуми.

Неговите композиции ги изведуваа Тереза Кесовија, Оливер Драгоевиќ, Ибрица Јусиќ, Франо Ласиќ, Неда Украден и многу други пејачи од југословенските простори.