Почина Слободан Брацо Вујчиќ

Во 70 година од животот во Скопје почина Слободан Брацо Вујчиќ, објави Културно информативниот центар на Србите во Македонија -СПОНА.

Вујчиќ беше долгогодишен финансиер на македонските фудбалски клубови, , а како што наведуваат од СПОНА, две децении ги спонзорирал најтрофејните македонски клубови Работнички, Тетекс, Вардар, Македонија Ѓорче Петров, Слога , Југомагнат и други.

По распадот на Југославија, Вујчиќ беше претставник на ,,УФА Медиа“ во Македонија, потоа на ,,СВ-РСА“ и ,,Спорт 5“, тргуваше со ТВ правата на фудбалската лига во земјата, македонските клубови и на репрезентацијата.

Ги обезбедил ТВ правата на првиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација против Словенија во 1993 година.

За својата хуманитарна работа тој го добил и признанието ,,Мајка Тереза“.