Почина српскиот бизнисмен Сретен Кариќ

 

По долга и тешка болест денеска почина бизнисменот Сретен Кариќ.

Тој беше најстариот син во семејната империја Кариќ, ја имаше функцијата на Генерален директор на Мобтел, претседател на Астра група и на чело на Здружението на индустријалци и претприемачи.

Вишото јавно обвинителство во Белград, неодамна ја прекина истрагата против него и 14 осомничени, кои се товареа дека го оштетиле Мобтел за повеќе од 60 милиони евра.

Сретен е најстариот од браќата Кариќ, покрај најпознатиот меѓу нив Богољуб, потоа Драгомир и Зоран.

Фото: лево Сретен, десно Богољуб Кариќ