Почина српскиот глумец Предраг Ејдус

На 72 годишна возраст, по долга и тешка болест, почина великанот на српското глумиште, Предраг Ејдус.

Ејдус одигра преку 200 драмски улоги и сними повеќе од 50 филмови. Учествуваше во 50 телевизиски драми и 30 тв серии.

Познат е во поранешните југословенски простори преку неговите улоги во повеќе играни филмови и серии, но тој важеше за брилијантен театрски глумец. Ги играше улогите на Кнез Мишкин, Франц Кафка, Наполеон, Борис Годунов и многу други.

Денот на погребот и комеморацијата ќе бидат објавени дополнително.