Почина српскиот режисер и сценарист Горан Паскаљевиќ

Во 74 година од животот во Париз почина култниот српски и југословенски режисер и сценарист Горан Паскаевиќ.

Тажната вест ја соопштило семејството, а први ја објавија на порталот курир.рс.

Паскаљевиќ има режирано преку 30 документарни и 18 играни филмови.

Еден од најпознатите долгометражни играни филмови е ,,Чувар на плажата во зимскиот период“.

Паскаљевиќ го режираше и филмот ,,Буре барут“ по текст на Дејан Дуковски за кој ја доби престижната награда на критичарите за најдобар европски филм во 1998 година.

,,Лажливо лето ’68“ или оригинлниот наслов ,,Варљиво лето’68“ е филм со култни содржини и вредности од неповторливата југословенска кинематографија.