Почина стјуардесата Весна Вуловиќ

Во 67 година од животот во Белград почина стјуардесата Весна Вуловиќ која пред 44 години беше единствената што преживеа пад на авион. Вуловиќ беше стјуардеса на компанијата ,,ЈАТ,, национален авиопревозник на поранешна Југославија.

Несреќата на јатовиот авион се случи во 1972 година кога над Чешка, тогаш Чехословачка, се урна авионот, а таа преживеа пад без падобран од 10.160 метри.

Вуловиќ е родена во Белград во 1950 година , а во Гинисовата книга на рекорди влезе токму со овој неславен рекорд.

Таа останала жива благодарение на тоа што била врзана со појас за своето стјуартско седиште, а по експлозијата останала споена со делот од тоалетот, како цело парче од авионот кој  паднал на снежна покривка , која за нејзина среќа била висока во планините каде се урнал авионот.

22 годишната стјуардеса, колку што имала тогаш Весна Вуловиќ, воопшто не била предвидена за тој лет, туку се заменила со друга стјуардеса која исто така се викала Весна.

По преживувањето на падот на авионот, таа продолжила да работи во ЈАТ, но како шалтерски работник и откако се опоравила од многубројните повреди. Вуловиќ имала фрактура на черепот, двете нозе и биле скршени, три скршени пршлени, од кои еден приклешетен заради што била и привремено парализирана.

 

После неколку мачни и тешки операции, успеала да застане на свои нозе и да прооди.

Наградата од Гинис и ја врачил лично Пол Макартни.

Весна Вуловиќ подоцна станала и национален херој во Југославија во текот на седумдесетите години од минатиот век.

РТС