Почина судијата Драги Билески кој беше лустриран по нарачка на Милошоски

По кратко боледување, почина Драги Билески, судија во пензија на Основниот суд во Кичево, кој беше единствениот активен судија во редовното судство, што беше лустриран, од сега веќе укинатата лустрациска комисија, објави порталот Сведок.

Билески, како судија на ОС Кичево, беше лустриран пред крај на неговата судијска кариера, 1 година пред пензија и тоа, како што се покажа подоцна, по нарачка на пратеникот Антонијо Милошоски и претседетелот на тогашната Комисија за лустрација, Томе Аџиев.

Пред речиси една година, Судот за човекови права во Стразбур ја прифати неговата апликација и утврди дека му се повредени правата.

Врз основа на таа пресуда, Управниот суд пред неколку месеци ги поништи пресудите на Управните судови, решението на Комисијата со кое беше лустриран и му наложи на Министерството за информатичко општество да го отстрани името на судијата Билески од интернет мрежите и од регистарот на лустрирани лица, пишува
svedok.org.mk.

Ова е бомбата во која се слуша Милошоски со нарачаката за лустрација на судијата Билески: