Почина Фаик Абди

На 79 годишна возраст почина Фаик Абди поранешен пратеник и долгогодишен претседател на Партија за целосна еманципација на ромите.

Тој работел во скопската фабрика Комуна како советник, а од 1969 до 1974 година бил пратеник во Собрание на СРМ. Подоцна по осамостојувањето Абди беше пратеник во два наврата во периодот од 1992 до 1998 година.

Погребот ќе биде извршен утре на градските гробишта во Бутел.