Почина фудбалската легенда Драгослав Шекуларац

Во 82 година од животот во Белград почина југословенската фудбалска легенда, Драгослав Шекуларац.

Шекуларац беше еден од најдобрите фудбалери и дриблери на сите времиња во поранешна Југославија.

Тој е фудбалскаата ѕвезда на Црвена Ѕвезда.

Шекуларац е роден во Штип во 1937 година, но се школувал во Белград.

Шекуларац е ,,легендата на Маракана“, а настапувал над 40 пати во дресот на Југославија.