Почина Џорџ Мајкл

Светски познатиот пејач Џорџ Мајкл почина во 53 година од животот, објавија неговите публицисти,пренесе ББС.

Големата светска ѕвезда почина во својот дом, во мир, објави неговата канцеларија за односи со јавност.

Џорџ Мајкл својата кариера почна да ја гради со групата  Wham , со која имаше бројни хитови, но подоцна градеше успешна соло кариера.

Полиција извршила увид по неговата смрт, но нема сомнителни околности.

Џорџ Киријакос Панајотoу имаше грчко потекло, а неговото име за светската јавност беше Џорџ Мајкл. Тој беше англиски пејач, композитор и ѕвезда, а во својата 30 годишна кариера има освоено две Греми награди.