Почина 102 годишниот Дејвид Рокфелер

 

Милијардерот, банкар и филантроп, Дејвид Рокфелер, починал во 102 година од животот во сон во неговиот дом во Њујорк, соопшти неговото семејство.

Дејвид е најмладиот од шесте деца на Џон Рокфелер и беше последниот жив претставник на таа генерација Рокфелерови.

Дејвид Рокфелер се до својата смрт беше на чело на една од најмоќните светски семејни империи. Тој, по смртта на своите браќа и сестри, го чуваше семејното богатство. Управуваше со една од најмоќните светски бизнис и филантропски империи.