Почит за единствениот хроничар на Скопје-Данило Коцевски

По кратко боледување на 73 годишна возраст почина Данило Коцевски . Погребан е на градските гробишта „Бутел“ во присуство на потесното семејство.

Коцевски е роден во 1947 година во Куманово. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје .

Беше асистент на Факултетот за новинарство, новинар, книжевник, хроничар на Скопје, а беше и член на Друштвото на писатели на Македонија.

Институтот за комуникациски студии оддаде почит на единствениот хроничар на Скопје, Данило Коцевски со реобјавување на еден од неговите хроничарски записи за Скопје.

„Се уништи естетиката на Скопје“ беше објавен на ResPublica во 2019. Со заминувањето на Данило Коцевски Скопје изгуби исклучителен познавач на културното наследство и традицијата на градот, велат од ИКС.