По Брегзит и МЕГЗИТ, Меган замина за Канада

Британските, но и светските медиуми се окупирани со одлуката на принцот Хари и неговата сопруга Меган, да отстапат од кралските должности и да живеат самостојно повеќе во Северна Америка, отколку во Велика Британија.

Британската јавност и кралското семејство се шокирани.

Таблоидите заминувањето на кралскиот пар го прогласија за Мегзит.

Сан објави дека Меган Меркл заминала во Канада да му се придружи на својот син по одлуката да го напуштат кралскиот двор.

Принцот и неговата сопруга празничните денови ги поминаа далеку од Бакингамската палата, со својот син Арчи тие беа три недели во Канада.

Извор:Агенции