Премиерот Зоран Заев, по враќањето од Њујорк каде присуствуваше на ‘2 гЕнерално собрание на Он, информираше дека и остварил преку 30 средби со светски лидери, високи претставници на меѓународни организации, бизнисмени и претставници на македонската дијаспора.

Токму дијаспората, напомена Заев, е подготвена директно да се вклучи, и материјално и со човечки ресурси, за поголем и побрз развој на нашата земја.

Сите држави, пријатели на Република Македонија, сакат да ја видат земјава просперитетна. Отворени се вратите за соработка со светот. Останува да ги спроведеме реформите од Планот 3-6-9. Перспективите ни се на дланка, од нас зависи, изјави премиерот Зоран Заев, информирајќи за престојот и активностите на владината делегација на 72. Генерално собрание на ОН во Њујорк.