По големиот пожар на островот Лезбос мигранти ги запоседнаа и локалните гробишта

Повеќе од 12.000 мигранти останаа без никакво сместување на грчкиот остров Лезбос откако изминатите ноќи во два пожари изгоре целиот бегалски камп Морија.

Сега се насекаде по островот, а некои ноќта ја поминаа на локалните православни гробишта.

Грчката Влада испрати бродови за привремено згрижување на мигрантите.

Состојбата е очајна.

Очајни се илјадници мигранти кои со години пристигнуваат и се населуваат на островот, очајни се и локалните жители кои бараат нивно целосно изместување од Лезбос.

Меѓу мигрантите има многу семејства со мали деца, но и немоќни, болни и заразени од Ковид 19.

Грција очекуав помош од ЕУ за решавање на оваа хуманитарна катастрофа.