Прилепски ,,Комуналец“ ревносно објавува фотографии од ситуацијата на теренот во овој град.

Од една страна, се уредуваат парковите и изгледаат вака:

Или спомен паркот кај партизанскиот комплекс ,,Могила на непобедените“ по децении негрижа сега изгледа вака:

Но, она што загрижува, е однесувањето на дел од жителите, велат од прилепски Комуналец.

Стари кревети, јоги, врати, вреќи со градежен шут, отпад од реновирање, стакло и стаклена аблажа, отпад од градини и бавчи, стари расфрлани алишта од пребарувачите по контејнери и што ли уште не е утринската слика околу контејнерите. Дел од контејнерите иако беа полупразни, околу нив се оставени купишта отпад. Станарите од повеќе станбени населби реагираат дека наместо контејнерите да ги користат само тие, штета им прават од околните куќи и случајните/ намерни минувачи кои исфрлаат неконтролирано различен отпад, соопштуваат од Комуналец. Објавуваат и адреси и контакти н кои може да ги контактираат за ссобирање на кабаст отпад , но џабе.

Од прилепски ,,Комуналец“ несовесните ги пријавуваат во полиција и ги објавуваат со иницијали на својата ФБ страница.

,,Лицето со иницијали Б.М, сопственик на возило со регистарскски бр. PP. 8414 AB, во придружба на уште едно лице, во текот на вчерашниот ден со возило на која е прикачена приколка ги полнеле контејнерите позади ОУ,, Добре Јованоски,, со мермерни плочки и градежени материјали“-се вели во една од пријавите до Под совесен граѓанин, кои сѐ почесто реагираат на однесувааањето на дел од нивните сожители.

АКО.мк