По долга и тешка болест почина актерот Гоце Влахов

Македонскиот актер Гоце Влахов, почина по долга и тешка болест на 70 годишна возраст.

Тажната вест ја соопштија неговата сопруга и ќерката.

Тие објавија дека погребот на Гоце Влахов ќе се изврши на 30 јули,вторник, во 11 часот на гробиштата во Бутел.

Влахов беше еден од актерите препознатливи по Македонските народни приказни.

Тој оствари бројни филмски и театарски улоги, а пошироката јавност имаше можност да го гледа во серијата Трст виа Скопје, потоа во серијалот Тврдокорните, познатиот македонски филм од 1975 година, Јад и во други филмски дела и серии.