По налог на УБК се проверува работата на 22 невладини организации

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на прес конференција објави дека по налог на Управа за безбедност и конраразузнавање, Комисијата за спречување на корупција врши проверка на работата на 22 невладини организации.

,,Оттука укажуваме посебно на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата и на вработените во Управата за финанскиско разузнавање дека не смеат да бидат инструмент на Груевски и соработниците кои за лични интереси сакаат да се пресметуваат со демократската јавност,,- рече Шилегов.

Според информациите што ги имаме-рече портпаролот на СДСМ, по иницијатива на сегашниот директор на УБК, поранешен директор на Управата за финансиско разузнавање, Владимир Атанасовски, Антикорупциската комисија побарала проверки за 22 невладини организации.

Управата за финансиско разузнавање според информациите отворила проверки за 22 невладини организации. Отворени се проверки и за 42 физички лица, отворени критичари на владеењето на Груевски и опозиционери.

СДСМ порача дека не смее да има одмаздничко работење на државни институции кон НВО и критичари на власта.

 

Овие истраги доаѓаат веднаш по најавите на лидерот на ВМРО ДПМНЕ дека нема да дозволат веќе НВО спонзорирани од странство и од Сорос да влијаат на политичките текови во државата.